Принцезата Дајана убиена во амбулантното возило?!

popara12 октомври, 20121min00
дајана

“Дајана е убиена во колата на брзата помош”, гласи насловната страна на американскиот таблоид “Gloub” кој во својот нов број тврди дека поседува нови докази за смртта на принцезата на Велика Британија.

Иако поминале 15 години од смртта на лејди Ди, сеуште циркулираат бројни гласини за заговорот против поранешната сопруга на принцот Чарлс, во која обично се вклучени британското кралско семејство и тајната служба.

Последната во низата ја лансирал магазинот “Gloub” кој тврди дека принцезата е ликвидирана во возилото на брзата помош додека ја пренесувале во болница.

Магазинот ја негира официјалната верзија по која ниту Дајана, ниту нејзиниот партнер Доди Ал-Фаед, не биле врзани со сигурносниот појас во моментот на сообраќајната несреќа. Магазинот наведува дека принцезата ја преживеала несреќата во парискиот тунел, но подоцна е убиена во амбулантниот автомобил.

“Gloub” тврди дека има некои докази кои ја потврдуваат тезата за убиство и со кои еднаш засекогаш ќе ја решат “мистеријата за смртта на Дајана”.

Принцезата Дајана го изгуби животот во сообраќајната несреќа во парискиот тунел Алма, 31 август 1997 година.

Според официјалната верзија, несреќата се случила кога автомобилот во кој се наоѓала со својот партнер ал Фаед, удрил во ѕидот на тунелот во центарот на Париз.

Принцезата Дајана почина на 36 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag