Дал 16 000 долари за меч кој воопшто не постои

popara9 јануари, 20121min00
1

За оние кои не се упатени во светот на видео игрите, потегот на еден кинески гејмер ќе им звучи како вистинско фрлање на пари.

Кинезот, за кој можеме слободно да кажеме дека е „малку“ забеган фан на видео играта Age of Wulin потрошил неверојатни 16.000 долари на меч кој е виртуелен, односно е дел од оваа компјутерска игра.

Она што е интересно е дека играта воопшто не е излезена на пазарот, туки нејзината промоција се очекува дури за наредната пролет. Сепак Снеил Гејмс, креаторите на играта, решиле да организираат аукција на која продале неколку виртуелни ексклузивни предмети кои играчите ќе може да ги користат во играта.

Age of Wulin е игра поставена во средновековна Кина и е базирана на народните преданија за боречките вештини од тоа време. Интерактивната игра ќе се игра онлајн, а играчите ќе може да започуваат мисии и да се борат против играчи од целиот свет. Кинескиот гејмер ќе биде единствениот кој ќе го има уникатниот меч, што ќе му донесе голема предност пред другите играчи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag