Џенифер Анистон не може да избега од гласините дека е верена, но се чини дека не се ни обидува.
Според таблоидот X17Online, актерката со нејзиното момче Џастин Теру се врати од Париз во понеделникот, а беше фотографирана со дијамантски прстен. Иако речиси сите во првиот момент помислија дека е ова веренички прстен, сепак погледнете уште еднаш – Џенифер носи прстен на десната рака, а не на левата страна, каде што таков прстен се носи.
Приказната за веридбата беше дополнително подгреана поради гласините дека актерскиот пар во Париз бара локација за свабда.