Дали е важно со колку спиела пред вас?

popara19 август, 20121min00
partneri

Доколку ви се случило партнерот да ве праша со колку мажи сте биле интимни пред него, а вас да ви биде непријатно да одговорите, не сте единствената. Според новото истражување кое го пренесува Vancouversun, околу 95 отсто од жените кои имале повеќе од 20 сексуални партнери, не можат да најдат личност за брак. Затоа, во модерните врски се наметнува прашањето, дали е важно со колку луѓе биле мажот или жената интимни, и колку сме конзервативни?

Неодамна, студија во Канада покажа дека една третина од мажите (7656 вкупно испитаници) ја сметаат жената за промискуитетна доколку има повеќе од 20 сексуални партнери. Дури 41 отсто, пак, границата ја повлекуваат веќе кај бројката 10.

Сексуалните едукатори предупредуваат дека против овие предрасуди треба да се бориме, и дека бројот на љубовници не ја одредува жената како личност. Од друга страна, пак, мажите исто така лажат за бројот на партнерки, но откриваат двојно поголема бројка од вистинската.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma