Во улога на сопственик и директор на “Roc Nation”, раперот ја претстави новата пејачка во својата издавачка компанија…
Покрај со тоа што се занимава со градење на својата кариера, и со неговото новороденче Blue Ivy, менаџира и со кариерите на други познати изведувачи (последната нова ѕвезда во “неговиот каталог” е Shakira) и водењето на издавачката куќа Roc Nation, Jay-Z наоѓа време и да пронајде нови уметници.
На радио станицата Z100 во Њујорк, раперот како сопственик и директор на компанијата Roc Nation ја претстави новата ѕвезда – станува збор за Rita Ora, 21-годишна пејачка од Лондон. Двајцата за време на шоуто го претставија нејзиниот прв сингл од претстојниот албум кој се очекува ова лето и на кој работат познатите продуценти Drake, Will.i.am и The-Dream.
Снимка од гостувањето на радио станицата Z100 можете да го проследите овде 🙂
httpv://www.youtube.com/watch?v=MSNPKSVO-2g