На американската пејачка Кети Пери наводно и се понудени околу три милиони долари да напише книга за нејзиниот брак и развод со комичарот Расел Бренд.
Кети Пери и Расел Бренд се развеле во декември по 14 месеци брак поради “непремостливи разлики”.
И двајцата “достоинствено” молчат за нивниот развод, но три издавачки куќи сега наведуваат дека се натпреваруваат да добијат приказна од 27-годишната Пери.
Американската пејачка сега наводно е во врска со 22-годишниот манекен Батист Гибикони,а модниот дизајнер Карл Лагерфилд наводно ги споил.
-Карл Лагерфилд е татко на врската меѓу Баптист и Кети, тој изјавил дека манекенот е одличен дечко за неа, вели близок извор.