Дали ќе сме среќни зависи само од нас

popara4 јануари, 20121min00
1

Луѓето се среќни кога ќе се посветат над навистина важните за нив нешта. Наместо тоа, ние минуваме поголем дел од времето во тревога за работи кои не зависат од нас, пропуштајќи да се насладуваме на најважните моменти со саканите луѓе. Ако и вие сте заборавиле што е тоа среќа, видете како да се присетите.

Сегогаш имајте поставена цел пред себе. Така наутро ќе се будите со желба и нема да се чувствувате безвредни. Кога ќе постигнете дадена цел, секогаш наградете се со нова облека, прошетка…она што ќе ве развесели…важно е да научиме дека треба да се наградуваме себеси, внатрешниот аплауз е многу посилен од надворешниот!

Насладувајте се на малите работи, звучи како клише, но е неверојатен начин за да си ја подобрите целосната состојба. Помислете колку е убав мирисот на кафето наутро, колку е убава детската смеа, или колку е интересна бојата на небото оваа вечер…

Не се концентрирајте над малите нешта, кои ве дразнат и ви го расипуваат расположението секој ден. Обично си наштетуваме најмногу точно поради нив, а реалноста е дека едва ли ќе ги помните утре, после една седмица или месец.

Правете добро на другите, на пријатели, роднини, непознати – малите гестови на добрина ќе ве направат вас самите да се почуствувате поблагодарни и полноцени.

Дозволете си малку безодговорност. Секогаш се обидувате да ги пазите правилата но понекогаш едноставно опуштете се и поставете ги своите потреби пред оние на останатите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag