Да, сигурно ви звучи неверојатно, но најсувата пустина на светот е Антартикот! На Антартикот нема да најдете ниту езера, ниту реки, што значи дека Антартикот е најсувиот континент на светот.
Иако за оваа ледена пустина многу малку се знае, причината заради сувоста е фактот дека на Антартикот има многу ниско ниво на врнежи. Сепак, за огромен дел од овој континент не постојат никакви информации бидејќи таму е толку студено, што замрзнува дури и водената пареа.