Истражувањето кое е спроведено од страна на весникот Лос Анџелес тајмс на Американската академија за филм покажале дека они се тие кои ги бираат добитниците за Оскар и не се баш разновидна група, се работи за многу бели мажи.
Истражувањето покажало дека 94% од 5.765 гласачи на Американската академија за филмска уметност и наука се белци, а 77% проценти се мажи.
Eл-Ej тајмс своето истажување го објавиле во неделата, една недела пред свечената церемонија, прогласување на добитници на Оскар.
Весникот наведува дека за време на разговорот со членовите и нивните претставници го утврдиле идентитетот од околу 5.100 гласачи, што е 89% од члновите на академијата.
Претседателот на академијата, Том Шерак изјавил дека институцијата се обидува да внесе разновидност меѓу членовите.