Дали сексот ќе помогне да го заборавиш бившиот?

popara13 јуни, 20121min00
s3

Дали секс авантура со некој друг би можела да помогне да го заборавите бившиот или ќе биде уште полошо?

Иако ова можеби изгледа како паметна идеја, обично луѓето кои наскоро раскинале сакаат само да излезат и да се забавуваат со цел да ги избришат од главата мислите за човекот што го сакале или за жал сеуште го сакаат.

Секс авантура може привремено да ја поправи ситуацијата, но во подолг план може да предизвика повеќе штета отколку корист. Експертите за врски велат дека ова многу зависи од претходната врска. Ако сеуште го сакате бившиот, тогаш нема воопшто да ви помогне. Можеби ќе ви биде подобро додека го правите тоа, но потоа ќе се чувствувате многу полошо.

Под импресии на свежите спомени вие ќе правите споредби, што не е добро и за двете страни. Не можете да залепите фластер на скршено срце! Морате да ги почувствувате и проживеете емоциите, а не да се правите дека не постојат. Тоа е катастрофа во најава!

Вие треба да сте подготвени на повремени слабости и недоволна одлучност. Сосема е нормално да имате носталгични напади. И ако сте имале добри причини за разделба, тогаш треба уште полесно да прифатите дека мора да се оди напред.

Секако ќе мора да ги признаете и вашите грешки. Обично за распаѓање на врската се потребни двајца. Размислете на што треба да се поработи и што би можело да се поправи, што ќе биде од полза за вашата следна врска. Грешките се за да се учи од нив, а не да се кријат и повторуваат.

Пред се, бидете сосема сигурни дека сте спремни да одите напред  пред да скокнете во креветот на некој непознат. Очајно ви треба секс? Затоа постојат вибратори кои ќе ви го пополнат времето и сексуалната празнина за извесно време…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma