Романската убавица Мадалина Гена се појавила на премиерата на филмот “Lawless” во Кан и ги засенила сите на црвениот тепих.
24-годишната убавица, која беше во врска со актерот Леонардо ДиКаприо, живее и работи во Италија и е една од врвните модели за долна облека.
Во својата биографија, покрај бројните насловни страни, Мадалина може да го додаде и појавувањето во спотот на Ерос Рамацоти за песната “Il Tempo Tra di Noi”.
Може да се каже дека оваа девојка отсекогаш знаела што сака во животот, бидејќи од 16 години се откажала од средното училиште поради фотографии за една манекенска агенција за долна облека.
Нејзиното време допрва доаѓа. Зарем не е вистинска убавица?