Даниел Крејг: Џејмс Бонд пијаница!

popara20 април, 20121min00
heineken

Aктерот Даниел Крејг застанал во одбрана на необичното партнерство на Џејмс Бонд и компанијата за пиво Heineken, велејќи дека се работи за “тажен”, но неопходен дел од снимањето на високобуџетниот филм.

“Имаме врски со бројни компании, со кои би можеле да снимиме филм. Едноставниот факт е дека без нив тоа би било невзоможно. Тоа е тажно, но е така”, изјавил Крејг на сетот на својот филм “Skyfall”, 23 филм за Џејмс Бонд.

“Добрата работа кај Бонд е тоа што тој е пијаница. Секогаш и бил, тоа е дел од него, добар или лош. Да се напиеш пиво не е така лошо, во филмот испадна тоа да биде Heineken”, изјавил актерот.

Тој додава дека околу пивото се подигнала голема бучава, но дека филмот не е само тоа. Ние не се продадовме целосно, Ви ветувам”.

Зборувајќи за соработката со оскаровецот Сем Мендес, Крејг изјавил дека всушност он бил тој кој го “регрутирал”.

– Не знаев дека не смеете да одите до луѓето и едноставно да ги прашате. Бев на некој собир со Сем и едноставно го прашав дали е заинтересиран, рече Крејг. Тој тогаш стапи во контакт со продуцентите и тогаш се тргна.

Крејг, кој според мислењето на многумина делува особено уверливо како британски таен агент, го откри и својот режим на тренинг за улогата, но и како изгледа неговиот работен ден.

– Станувам околу седум, почнувам со работа во осум. Работиме до 20:30 навечер. Потоа 40 минути сум во теретана и потоа паѓам во кревет, рече Крејг.

На прашањето како се чувствува на крајот од денот, Крејг одговори: „Претепано“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag