Актерот Даниел Редклиф изјавил дека се срами да се погледне самиот себе во филмовите Хари Потер.
Редклуф открива дека избегнува да се сврти наназад на својата главна улога и влијанието на филмовите за младиот волшебник.
“Толку ми е срам, што помислувам дека лицето целосно ќе ми падне”, изјавил Даниел.
Познатиот актер зборувал за тоа како станал зависен од алкохол откако завршил со снимањето на филмовите Хари Потер.
“Си ја вршев својата работа и никогаш не пиев. Но, тоа ме однесе на многу деструктивен пат”, зијавил Редклиф.
Претходно, овој актер призна дека верува дека неговиот непредвидлив начин на живот, всушност е романтичен.