Дејвид Духовни заминал на рехабилитација, бидејќи бил зависник од секс. Сакал да го спаси бракот со сопругата Теа Леони, па побарал стручна помош.
Психологот Дејвид Леј, автор на книгата “Митот за сексуалната зависност”, објаснува дека сексуалната зависност е медицински феномен. “Повеќето мажи кои сакаат да се излечат од оваа т.н. зависност тоа воглавно го прават за да го сочуваат бракот”, објаснува тој.
Адвокатот на Духовни побарал од Леј да не го спомнува ликот и името на актерот во книгата. “Не станува збор за тоа дали зависноста од секс е сериозен здравствен проблем или не. Мојот клиент едноставно не сака да ја види својата слика во оваа книга”, порачува адвокатот.