Дејвид Аркет лудо се заљуби многу брзо по разводот од Кортни Кокс, но врската не траеше долго. Актерот беше во врска со новинарката Кристина Мекларти, но им пресуди далечината. “За жал, јас сум повторно сам. Се уверив дека врската на далечина не функционира”, напиша 40-годишниот Дејвид на Твитер. Иако тие беа во врска, Кристин поради работата остана да живеат во Њујорк, а тој во Лос Анџелес. Дејвид не сакаше да се пресели во Њујорк поради 7-годишната ќерка Коко. Кристин и Дејвид беа во врска од минатото лето.