Во јавноста излегоа докази од кои може да се заклучи дека Деми Мур многу години пред да ја започне врската со Ештон Качер, се бакнувала со многу помлади мажи. Поточно, кога имала 19 години, е снимена како се бакнува со 15-годишниот колега.
Entertainment Tonight дојде до фотографии на кои се гледа 19-годишната Деми Мур како се бакнува со четири години помладиот колега Филип Танзини од серијата General Hospital.
Фотографијата потекнува од роденденската прослава на Филип, а Деми во тој период беше во брак со Фреди Мур, и на видеото се нашалила дека всушност е заљубена во Филип.
Петнаесетгодишниот Филип, на тоа возврати “планираме да стапиме во брак, само да не дознае нејзиниот сопруг”.