На актерката Деми Мур и се слошило во домот во Лос Анџелес и итно е префрлена во локалната болница.
Деми Мур (49) во понеделникот вечерта се онесвестила во својот дом и по повикувањето на службите за итни случаи, болничарите кои одговориле на повикот оцениле дека таа треба итно да биде хоститализирана.
“Поради големите количини на стрес во животот, Деми одлучила да побара професионална помош. Се надева на брзо закрапнување и се заблагодарува на ците за нивната поддршка”, изјавил портпаролот на актерката.
Деми, која штотуку ја доби улогата Глорија Стаин во филмот за порно ѕвездата од Линди Лавлејс, во моментов поминува низ тежок период поради разводот од актерот Ештон Качер.