Десет најубави места за живеење, со најдолг животен век !!!

popara20 март, 20122min00
u8n9

Американската агенција CIA, врз основа на собрани податоци, ја објави листата на земји во која се живее најдолго. Според податоците, очекуваниот животен век, на ниво на целиот свет е 67,59 години.

Ви ги претставуваме десетте земји во кои се живее најдолго :

10.Италија – 81, 86 години

Многумина, ја поврзуваат нивната долговечност со исхраната. Медитеранската кујна го намалува ризикот од многу заболувања.

9.Австралија – 81, 90 години

Долговечноста на жителите на Австралија може да се припише на повеќе фактори. Тоа се нискиот процент пушачи, нискиот степен дебели луѓе, активниот живот кој го живеат Австралијанците.

8. Хонг Конг – 82, 12 години

Исто жителите на Хонг Конг можат да се пофалат со долговечност поради здравиот начин на исхрана. Последица на него се и малиот број дебели луѓе и малиот број на луѓе со заболувања како дијабетес.

7. Guernsey –  82, 24 години

Вторите острови по големина, меѓу Каналските острови и островите на кралската сопственост, кои директно се подложни на кралска круна се место со голем животен век. Иако не се дел ниту на Обединетото Кралство, ниту на Европската Унија, жителите имаат високи плати, а со тоа може да си дозволат и најдобра здравствена нега.

6. Андора – 82, 50 години

Жителите на Андора, поголем дел од слободното време го поминуваат на отворено, а бидејќи земјата е сместена на Пиринеите, речиси сите луѓе скијат или планинарат. Ваквиот живот го намалува стресот, со тоа ризикот од висок крвен притисок и кардиоваскуларни заболувања.

5. Сан Марино – 83, 07 години

Како и жителите на Андора и Guernsey и жителите на Сан Марино не се грижат премногу околу парите. Можеби намалениот стрес е повод за долг живот.

4. Сингапур – 83, 75 години

И покрај брзиот и динамичен живот во Сингапур, неговите жители имаат долг животен век, благодарение на здравата исхрана, а Владините декрети за чистота имаат крајна цел – да обезбедат на жителите чист воздух и здрава околина.

3. Јапонија – 83, 91 години

Меѓу јапонците, постои само мал дел дебели луѓе, 3, 9% ( во споредба со САД,    33, 9% ), исто така благодарение на исхраната која се базира на овошје, зеленчук и пред се риба која располага со Омега- 3 масни киселини кои ги спречуваат срцевите и мозочните болести.

2. Макао – 84, 43 години

Најголем дел од приходите, ги сочинува коцкарскиот туризам. 70% од приходите, Влатата ги вложува во јавното здравство.

1.Монако – 89, 68 години

Во Монако се обединети сите елементи кои го продолжуваат животот: медитеранската исхрана, природата и околината, богатството на државата. Можеби Ponce de Leon изворот на младоста требало да го бара токму овде.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag