Индиецот Манприт Синг (10) ужива некој со безбол палка да крши кокос кој се наоѓа на неговата глава. Ова дете сака од него да кршат и неонки. Исто така тој може да издржи автомобил да премине преку него.
Сето тоа е дел од индиската древна екстремна боречка вештина, а Манпринт е нејзиниот најмлад мастер.
Старата вештина Гатка е развиена во текот на 16 и 17 век, а од тогаш наваму се пренесува на поколенијата. Таа опфаќа широка лепеза на боречки вештини, а вклучува и најразлично оружје особено мечеви и бодежи. За оваа вештина потребна е духовна и психичка подготовка.