Една од најпознатите слики на славниот Пикасо „Девојчето со гулаб“, која моментално е во приватна сопственост во Велика Британија, ќе биде понудена на продажба по цена од 50 милиони фунти.
Продажбата ќе ја спроведе аукциската куќа „Кристис“, но сликата нема да се појави на аукција, бидејќи веќе имало интерес некој да ја купи.
Сликата моментално е во сопственост на една аристократска фамилија од Велс, а не е познато зошто сакаат да ја продадат.
„Таа слика е вистинска икона, таа е магична“, изјавил Гикс ван Хенсберген експерт за делата на Пабло Пикасо.