Кога му соопштила дека го остава поради насилно однесување и алкохолизирање, поранешниот вереник брутално ја претепал. Само милиметри ја делеле од смртта, колку што ножот ја пропуштил аретеријата на вратот.
Натали Олмен (26) била во врска со војникот Џејсон Хјуџис (40). Една вечер Натали одлучила да го остави, а кога тоа му го соопштила, тој збеснал и ја претепал.
Несреќната жена едвај го преживеала ова бруталниот напад. Тој ја тепал со каиш и буквално и го пресекол гркланот. Само милиметри ја делеле од смртта, колку што ножот ја пропуштил аретеријата на нејзиниот врат.
Џејсон бил многу среќен кога се вериле. Добиле и близнаци.
Меѓутоа, тој имал проблеми со алкохолот, пиел се повеќе и станал насилен. За време на една од честите расправии, Натали одлучила да го остави, бидејќи тоа за нивните деца би било најдобро.
По овој ужасен напад, тој е уапсен, а на суд изјавил дека не сакал да ја убие, “само сакал да го унакази лицето, за да биде ружна за други мажи”.
Осуден е на девет години затвор, а Натали стравува дека поради добро однесување може да биде на слобода за само четири години.