Гламурозна, сензуална, отмена, елегантна, совршена есенска колекција. Не верувам дека би можело некој друг така добро да ги представи моделите како што тоа го прави фамозната убавица Белучи. Боите се во темната гама. Ќе забележите голема доза сексапил без вулгарно разголување на женското тело. Трендот оди во тој правец.