Диета со моркови

popara11 март, 20121min00
morkovce

Диетата со моркови не води само до намалување на  килограмите, но и го прочистува организмот. За само 3 дена можете да намалите 3-5 килограми од својата маса.

Морковите се едни од најполезните дарови на природата. Тие содржат многу бета-каротин, витамините ПП, Ц, Е, К; витамини од групата Б и микроелементи меѓу кои калиум, железо, фосфор, магнезиум, јод, цинк, флуор и др.

Четири пати дневно се јаде по една порција сурови моркови, рендани. Количеството е неограничено, но обично по 2 моркова на порција се доволни. Салатата се зачинува со свеж лимонов сок и соја сос, ако не можете да јадете без сол.

Кон секоја порција моркови може да се додаде по едно свежо овошје, јаболко, киви, грејпфрут, портокал. Јаболкото може да се изренда и да се додаде на морковите, а можете да ги јадете и посебно, како сакате. Наместо последната порција моркови  за денот, можете да ја замените со еден грејпфрут.

Ве советуваме да пиете колку може повеќе вода и чај ( зелен или од билки ) без шеќер. Ова трае 3 дена, но за подобри резултати можете да го повторите 4 пати месечно, односно 3 дена седмично во текот на тој месец. Ова е за оние што сакаат да намалат повеќе од 10 килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag