За да носите кратки здолништа, нозете треба да ви бидат беспрекорни, а вие токму деновиве откривте дека на бутовите ви се појавиле наслаги и отоци… Како тука може да помогне диета? Може, ако во исхраната се користи повеќе коренест зеленчук кој поттикнува излачување на насобраните течности (отоци). Значи, морков, роквици, цвекло, ѓумбир…
Калиумот и витаминот Ц ги зајакнуваат ѕидовите на капиларите, подобрувајќи ја циркулација и на овој начин оневозможувајќи го задржувањето на течностите.. Диетата предвидува околу 1400 калории дневно, препораката е да се држи 2 недели, а за тоа време може да изгубите околу 3 килограми..
Појадок (ист секој ден):
1/2 филџан млеко (0,1% масленост), 1 филџан обарен ориз со суво грозје, 2 двопека или капучино со немасно млеко и 2 кекса.
Понеделник
Ручек: 200 гр. њоки од компири и моркови прелиени со сок од домати, црвен радич прелиен со јогурт.
Вечера: риба лист на пареа со барено цвекло, зелена салата со ротквици, 30 гр.леб
Вторник
Ручек: Пире од моркови и ротквички до 50 гр. интегрален ориз, 40 гр.посно бело сирење на скара, салата од радич.
Вечера: 1/4 печено пиле (без кожа) со кари и ѓумбир, блитва на пареа.
Среда
Ручек: 120 гр. печено телешко со зачини, бела репка со шампињони, 30 гр. леб.
Вечера: тркалца од морков, запечени и прелиени со 1 јајце, 40 гр.посно сирење, салата од брокула, ротквици и зелка.
Четврток
Ручек: 60 гр. кратки тестенини (панделки, полжавчиња) со сок од домат и сечкана пиперка, 120 гр. печен ослиќ, зелена салата.
Вечера: 100 гр. раженчиња од мисиркино месо, пиперка, морков и кромид, салата од грав со нане, 30 гр. леб.
Петок
Ручек: кратки тестенини со динстан радич со морков и ѓумбир, салата од свеж целер.
Вечера: динстани лигњи со грашок, салата од цикорија и ротквица, 30гр. леб.