Диетата со супи – за 7 дена, 7 килограми

popara1 март, 20121min00
Cooking of vegetable soup

Супичките се сеуште актуелни, затоа имаме неколку идеи за слабеење со супи, кои се доста здрави, а освен тоа многу брзо се слабее. Ручекот и вечерата се состојат од супа, подготвена со многу малку маснотии. Наутро се јадат 2-3 лажици овесни јатки со кисело млеко. Во текот на денот се препорачува да се пијат течности и зелен чај. Супите се вегетеријански и за нивното приготвување сме избрале зеленчук кој има липолитичен ефект, односно такви кои помагаат мастите побрзо да се разградуваат и топат.

Првиот ден јадете супа од карфиол, вториот од печурки, третиот од компири, четвртиот од зелка, петтиот ден супа од домати, шестиот ден супа од моркови, седмиот ден супа од брокула. Како се приготвуваат супите? Зеленчукот најдобро е да биде свеж, но може да се употреби и замрзнат. Во водата се додава коцка за супа по вкус, сецкани моркови и многу магданос во сите видови супи, една лажица соја сос, малку сол и бибер по вкус. Диетата не е лесна, но навистина брзо ве ослободува од излишните килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma