Кралицата на стриптизот Дита Вон Тис ја промовираше својата сопствена колекција на долна облека Von Follies. Колекцијата е инспирирана од долгогодишната љубов на Дита кон долната облека. “Ми беше важно да креирам долна облека во која секоја жена ќе може да се чувствува секси и гламурозно. Горда сум што успеав во тоа, а притоа цената е прифатлива”, изјави Дита.
“Pin-up“ девојката и љубителката на класичната еротика од триесеттите и четириесеттите години, еднаш призна дека кариерата ја има започнато како порно актерка. Дита исто така, призна дека секогаш ги сакала жените повеќе од мажите, а веќе на 19 години била луда по дрогата.