Хирурзите во Шангај понудија бесплатно лекување на малото девојче кое конечно ќе може да има нормален живот. Поради крзното на телото уште како бебе ја напуштиле родителите.
Трагичната приказна на малата Лиу Јиангли (6) од Кина која е родена со грубо црно крзно по кожата ја слушнаа и докторите. Па затоа хирурзите од Шангај решија да ја оперираат и лечат без пари. Ова девојче може конечно да има нормален живот.
Поради реткото нарушување нејзините родители ја напуштиле уште кога била бебе, а другите деца постојано ја задевале и малтретирале поради нејзиниот изглед.
Лиу М. неколку години се грижи за ова девојче, а тој е дедо на нејзини роднини. Тој сега стравува дека малата Лиу ќе мине низ тежок и трауматичен период.