Резултатите од неодамна спроведеното истражување покажало дека една третина од населението има вишок килограми и дека едно од пет деца има проблем со одржување на идеалната телесна тежина.
Голем број нутриционисти се согласуваат дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, особено во раната возраст. Хранливиот појадок ги обезбедува основните хранливи материи по ноќниот сон и поради тоа треба да ги содржи сите неопходни состојки кои ќе му дадат на телото доволно енергија да се избори со дневните обврски. Со консумирање на појадокот, се подобрува меморијата, продуктивноста на училиште или на работа, а допринесува и за зачуваување на идеална телесна тежина.
Според резултатите на истражувањата, луѓето претежно внесуваат силен, традиционелен појадок, кој го сочинуваат јајца, виршли, сувомеснати производи и паштети. Истото истражување покажало дека семејствата во земјите во регионот предпочитаат да консумираат житарици и каши во утринските часови.
Житарките се секогаш добар избор за појадок и би требало да одберете житарици со цели зрна кога и да имате прилика за тоа. Тие поседуваат висока хранлива вредност, помалку калории и масти од повеќето стандардни опции за појадок, а со тоа и претставуваат добар избор за зачуваување на идеална телесна тежина. Покрај тоа, консумирање на житарици за појадок претставува одличен начин за воведување на млеко во исхраната, особено кај децата.
Добрите навики во исхраната се стекнуваат во најраната возраст, а мајките се многу свесни за овој факт. Без оглед на резултатите од овие истражувања, меѓу различните фактори кои се важни за родителите кога подготвуваат појадок, 91% тврдат дека им е најважно појадокот да е здрав, додека 85% од испитаниците додаваат дека е важно да биде хранлив.