Додека светот и се восхитува, Салма Хајек вели: Ниска сум и буцкаста

popara4 октомври, 20121min00
Salma Hayek

Нејзината убавина и завидна фигура во облик на песочен часовник се одговорни за статусот на една од најгламурозните и најуспешни ѕвезди во Холивуд, но актерката Салма Хајек се доживува себеси на еден сосема поинаков начин.

 

“Ниска и буцкаста”, се епитетите со кои се опишуваа оваа успешна Мексиканка. Хајек, која минатиот месец го прослави 46-тиот роденден, смета дека е чудно што за неа сеуште има работа во филмската индустрија.

Нејзиниот супех го препишува на среќа, а смета дека во иднина ќе добива помалку понуди со оглед на нејзините години.

“Најлошо што можете да бидете во Холивуд е жена која има повеќе од 40 години. Покрај тоа, јас сум жена со акцент, ниска и буцкаста. Имам секакви недостатоци, но сеуште сум тука. Мора да сум најсеќна жена на светот, бидејќи сеуште работам”, изјавила Салма за Harper’s Bazzar. Во светот кој е оптеретен со идеалот на убавината кој се поистоветува со тенка линија, Салма е вистинско освежување, бидејќи признава дека диетите за неа се губење на време.

“Сакам храна и вино. Можеби тоа не е најдобро за мојот изглед, но добро е за моето расположение. Среќна сум кога јадам. Имам 46 години и не сакам ботокс инекции, а знаете ли зошто? Затоа што јадам масна храна и многу зеленчук. Всушност, јадам се! Ако премногу вежбате, а не јадете доволно, тоа се гледа на вашата кожа. Почнувате да стареете и изгледате мизерно”, била искрена познатата мексиканка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag