Калифорниски научници спровеле низа тестови и истражувања што на крајот се заклучило дека богатите и моќните лица почесто лажат за разлика од оние од пониските класи.
Одвоени биле испитаниците според социјалниот статус и класата. Моќните луѓе почесто се однесуваат неетично, за разлика од луѓето со скромни приходи.
„Се разбира тоа не значи дека сите богати луѓе се лажговци и неморални, ниту дека сите посиромашни се искрени и етични“, изјавил Паул Пиф од калифорнискиот Беркли.
Предходно беше докажано и дека богатите често крадат ситни работи од продавниците. Всушност, нив ги возбудува помислата дека земаат нешто што може да си го купат без проблем.