Иако сите мажи се различни, постојат неколку едноставни нешта кои треба да се знаат за посилниот пол.
● Некои мажи сакаат да зборуваат за чувствата, но индиректно. Морате да бидете иновативни и да поставите одредени прашања кои ќе ви дадат некои одговори.
● Некои мажи своите чувства ги искажуваат преку дела. Посветете внимание и наскоро ќе сфатите дека некои нешта тој ги прави само за вас.
● Повеќето мажи не се плашат од обврски, само им е потребно време да бидат сигурни за своите одлуки.
● Жените често се жалат дека мажите не ги слушаат. Меѓутоа, повеќето мажи сакаат да слушаат во тишина, без одговарање со зборовите како што се “да, во ред е и добро”.
● На повеќето мажи им пречи кога жената ќе стане премногу наметлива. Мажите исто така сакаат да поминуваат одредено време сами. Дајте му простор на вашиот сакан за неговото хоби.
● Не го заобиколувајте она што сакате да го кажете. Доколку нешто сакате да му соопштите, направете го тоа директно, јасно и прецизно.
● Мажите многу почесто размислуваат за секс отколку жените. Меѓутоа, морате да сфатите дека размислувањето за нешто не е исто што и правењето на истото.
● Мажите сакаат кога жената е иницијатор за секс. Не се срамете и преземете иницијатива. Мажите го сакаат тоа.
● Мажите, како и жените, понекогаш не се расположени за секс. Причините можат да бидат најразлични, а најчеста причина за тоа е стресот од работното место.