Лепа Брена(51) доживеа вистинска драма во летот од Чикаго до Детроит.
Десет минути пред слетувањето се распилал еден од моторите на авионот Боинг 747.Иако патниците во првиот момент помислиле дека е само јака турбуленција, откако сватиле дека ситуацијата е сериозна настанал вистински метеж.
-Беше ужасно.Стујардесите безуспешно пробувале да ги смират патниците.Децата викале а еден стар човек барал помош на цел глас.Авионот се тресел чекавме само кога ќе почнеме да паѓаме-открива еден од патниците
Додава дека Брена седела во бизнис класата, гледала пред себе и ќутела.
-Иако знаела дека може да дојде до несреќа,проба да остане смирена.Работата да биде полоша времето било катастрофално.Се молевме на бога пилотот да не спушти на аеродромот во Детроит.Тие десет минути траеа како цела вечност….Кога слетавме на пистата, започна аплауз во авионот.Да бевме само малце подалеку од аеродромот, не верувам дека ќе разговаравме сега-ни открива изворот.
Пејачката која моментално е во Америка на турнеја не го коментирала случајот.