Древна легенда за играта на чувствата…

popara20 февруари, 20121min00
love

Легендата вели дека некогаш одамна во едно аголче на земјата се собрале заедно сите човечки чувства. Кога Досадата почнала да се прозева, Лудоста предложила:

–        Ајде да си играме криенка, а?

–        Интригата подигнала веѓи и прашала:

–        – Криенка? Што игра е тоа?

Тогаш Лудоста објаснила, дека еден од нив, например таа затвара очи и почнува да брои до милион, а во исто време сите останати се кријат. Последниот што ќе го најдат, започнува да брои во следната игра и така натаму…

Ентузијазмот почнал да танцува со Еуфоријата, Радоста почнала да скока со што успеала да го убеди и Сомнежот. Само Апатијата која никогаш од ништо не се интересирала, откажала да учествува во играта. Вистината решила да не се крие, зошто на крајот од краиштата секогаш ја откриваат. Гордоста рекла дека тоа е апсолутно глупава игра, а Стравот не сакал да ризикува многу,многу.

– Еден, два, три…почнала да брои Лудоста.

Прв се скрил Мрзелот, зад најблискиот камен крај патот, Верата се издигнала во небесата, а Зависта се скрила во сенката на Триумфот, кој со сопствени сили се искачил во крошната на највисокото дрво. Добрината многу долго неможела да се скрие, бидејќи секое место што ќе го најдела, било идеално за незините пријатели – кристално чистото езеро за Убавината, вдлабнатината во едно дрво за Стравот, крилото на пеперудата за Страста, ветрето за Слободата! И така Добрината се маскирала во сончевиот зрак. Егоизмот си открил едно топло и удобно местенце, само за него. Лагата им рекла дека ќе се крие длабоко во океанот но се скрила во виножитото.

Кога Лудоста преброила до 999.999, Љубовта се уште барала каде да се скрие, но сите места веќе биле зафатени. И наеднаш здогледала прекрасна розова но трновита грмушка и решила да се скрие таму.

–        Еден милион! – изброила Лудоста и почнала да бара.

Се разбира најпрво го нашла Мрзелот. После тоа Лудоста ја здогледала Зависта и се досетила каде се крие Триумфот. Понатака го видела Сомнежот кој стоел до оградата и се чудел од која страна да се скрие.  И така еден по еден ги нашла сите. Не можеле да ја најдат само Љубовта.

–        Лудоста барала зад секое дрво, во секое поточе, на врвот на секоја планина и накрај решила да погледне во трнливата грмушка, започнала да ги развојува гранките и чула вик. Острите трнови од розата ги повредиле очите на Љубовта. Лудоста не знаела што да прави, почнала да се извинува, плачела, молела за прошка и за да се искупи од вината и ветила на Љубовта дека засекогаш ќе биде нејзин водач.

–        Имате ли коментар на ова! Кога го прочитав за прв пат, јас се наежив…колку едноставно и колку до болка вистинито…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag