Древните черепи во Мексико сепак вонземјански?

popara9 март, 20121min00
0055007.48

Черепи стари преку 900 години, кои бе пронајдени во Мексико 1999 година, предизвикаа раздор во научната заедница. По една деценија истражувања беше заклучено дека се од човечко потекло, но дојде до нов пресврт во настаните.

Черепите кои првично беа наречени ѕвездени деца, дотогаш беа незабележен феномен. Но, поради ограничувањето во истражувачките капацитети, не беше можно да се спроведе потполна ДНК анализа која еднаш за секогаш би ја решила дилемата.

Пред неколку години беше спроведена непотполна анализа на чија основа е заклучено дека сепак се работи за човечки черепи, но новите податоци укажуваат дека овие заклучоци сепак можеби се погрешни.

Имено, со анализа е утврдено постоење на барем еден ген кој укажува дека черепите не се од човечко потекло, но поголемиот дел од заедницата сеуште тврди дека станува збор за природна аномалија.

Оние кои деноноќно работат на тоа да ја птоврдат теоријата дека всушност се работи за вонземјани, тврдат дека единствено потполна анализа на генетскиот код ќе им ја открие вистината. Поради тоа се потпираат на технолошките достигнувања кои ќе им ја олеснат работата, а за сега одговорно тврдат дека сеуште не се сигурни дали станува збор за вонземјани, но слободно може да кажат дека не станува збор за луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag