Брачниот пар Мерлин и Едвард Бејгли и двајцата во своите педесети години, обвинети се дека држеле во заложништво една тинејџерка во својата приколка како сексуална робинка, каде ја мачеле и дрогирале. Мерлин Бејгли признала дека е виновна, а нејзиниот сопруг Едвард, на кому му се заканува доживотна казна затвор, вели дека “сексот бил обострана, доброволна одлука“.
Мерлин му помагала на сопругот Едвард, да ја убеди шеснаесетгодишната ментално заостаната девојка, која побегнала од дома, да живее со нив во местото Лебанону во Мисури.
Парот тврди дека сексот не бил присилен, додека одбраната сака да докаже дека дошло до “садистички напад врз девојката“. Се наведува и дека девојката е малтретирана и мачена, со тоа што била давена во вода, со електро-шокови и била дрогирана.
Уште четворица мажи се обвинети дека на сопружниците Бејгли им плаќале за сексуалните услуги на нивната “робинка“ и за снимките на кои девојчето е мачено.