Духот на едно девојче си играло во клубот, вработените избегале

popara18 јануари, 20121min00
0349007.48

Сопственикот на клубот кој се наоѓа во Феникс, Џими Олагуез, тврди дека безбедносните камери го снимиле духот на девојчето како се игра, но смета дека клубот го опседнуваат и други духови кои умреле по насилна смрт во овој клуб стар 100 години.

Џими Олагуез открил за ABC дека е уверен дека девојката која камерите ја снимиле како навачер си игра во неговиот клуб, всушност е духот на девојче кое пред 80 години погинала откако паднала од хотелот кој некогаш се наоѓал пред овој клуб.

Олагуез вели дека е шокиран откако ја видел снимката, а објаснил дека веќе и претходно се случува необјасниви работи. Мисли деак клубот го запоседнале духови кои овде умреле по насилна смрт, па сега му штетат на неговата работа.

И вработените и гостите знаеле да се пожалат на чувството дека некој ги турка или ги допира во момент кога никој нема во близина.

Слична работа му се случила и на самиот сопственик.

„Седев во клубот сам со една пријателка и одеднаш некоја рака ме зграби за рамо. Двајцата погледнавме наоколу, но никој не беше во близина. Ја прашав дали виде што се случи, а таа рече дека да и брзо отиде до вратата и побегна”, им посведочи на новинарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag