Духот на Витни Хјустон го опседна домот на нејзината ќерка

popara20 март, 20121min00
0026007.48

Прв пат по смртта на својата мајка, Боби Кристина одлучила да ги подели своите чувства со јавноста и тоа во екслузивен разговор со Опра Винфри. Во таа прилика изјавила дека нејзе ја опседнува духот на нејзината мајка Витни.

Деветнаесетгодишната ќерка на познатата пејачка тврди: „Во куќата необјасниво се палат и гасат светла, а јас се прашува што тоа мама прави? Сеуште се смееме заедно и разговараме. Го слушам нејзиниот глас кој ми збори да продолжам со животот и да е со мене.”

Иако секоја ноќ се буди и чувствува дека мајка и ја гледа, признава дека духовната присутност ја смирува и ја инспирира. Исто, тврди дека до толку е поврзана и испреплетена со духот на својата мајка да ќе се впушти во шоубизнис водите бидејќи е сигурна дека нејзината мајка тоа го сака.

Засега не е познато дали во домот кој наводно го опседнува Витни ќе биде спроведена истрага на паранормални појави, па мораме да веруваме на зборовите на Кристина. Но, доколку Опра и поверувала, нема причина за сомнеж, нели?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma