Една американка тврди дека ќе заборави на стресот кој го доживеала додека пајкот и го носел автомобилот, само ако и се исплати астрономска сума на пари.
Мишел Матис од Охајо на суд ја барала правдата поради необичниот случај од месец јануари.
Таа тогаш доживеала сообраќајна несреќа, а била префрлена во болница поради повреди. Автомобилот останал на улица, а по неколку недели кога била пуштена од болница автомобилот го немало.
Автомобилот во меѓувреме бил земен од пајак службата, но никој од службата незнаел да и каже на Мишел каде се наоѓа нејзиниот автомобил.
Сега Мишел бара на суд оштета од 520 милијарди долари, а судијата ЕЛизабет ДИверс веројатно ќе ја одбие нејзината тужба.