Организаторите на Парадата на гордоста во Белград организирале перформанс на улицата Кнез Михајлова, во кој се венчале две девојки.
Во стилот на “флешмоб”, акција популарна ширум светот, перформансот го привлекол и задржал вниманието на случајните минувачи.
Се започнало кога на платото пред Српската академија на науките и уметностите одеднаш се појавиле два пара младоженци кои танцувале и ги поздравувале минувачите.
За само неколку минути на присутните им станало јасно дека таа венчавка ќе биде малку поинаква од вообичаените. Младите невести во еден момент се фатиле за раце и почнале да танцуваат, а младоженците мистериозно исчезнале.
Присутен бил и “матичар” со лента во боите на знамето на Србија, пред кој жените една на друга си ги ставиле бурмите и се бакнале.
Целиот настанот е снимен со камери, а видеото за кратко време се појавило и на YouTube. Организаторите на парадата снимката ја објавиле и на својот Facebook профил со потписот: “Љубовта помеѓу Верата и Надежта е крунисана со венчавка во центарот на Белград”.
На крајот на видеото се појавува и кратка порака: “6-ти октомври: само 970 чекори со нас!”.