Две годишниот Келвин Сантос станал од својот ковчег, побарал чаша вода и повторно легнал и починал.
Малиот Келвин од Бразил, минатиот петок починал во болница од воспаление на белите дробови, но за време на медицинската интервенција му застанало срцето, па затоа бил прогласен за мртов.
Родителите го закажале погребот за еден ден подоцна, но неможеле ниту да претпостават каков шок им следува.
Само неколку минутии пред да биде закопан, малиот бразилец станал од ковчегот побарал чаша вода и повторно починал.
„Сите почнавме да врескаме, неможевме да да поверуваме што ни се случи. мислевме дека се случи чудо и дека нашето дете оживеа. Но тој веднаш легна и повеќе неможевме да го разбудиме. Повторно беше мртов“, изјавил таткото Антонио Сантос.
Телото повторно било однесено во болница, но лекарите констатирале дека нема знаци на живот.
Семејството го одложил погребот за неколку дена, верувајќи дека нивниот син повторно ќе оживее. За жал тоа не се случило па на крај Келвин бил погребан.