Сакајќи да ја посети својата баба, две годишно дете побегнало од една градинка во Германија и со помош на својот тротинет стигнало во соседната Австрија.
Детето побегнало од градинката во градот Неухаус во Германија и сам на својот тротинет успешно ја стигнало во соседната држава преку границата Шардинг во Австрија, соопшти локалната полиција.
Тој, во својот подвиг, поминал околу 3 километри, а минувачите откако виделе дека детето е само, го предале на полицијата.
Таму малото момче чекало два часа додека не пристигнала информацијата за „бегство од градинката“.