Познатиот рапер во едно интервју се согласи со изјавата на Барак Обама дека ги поддржува бракови од ист пол.
На прашањето што мисли дали Барак Обама поради ваквиот став ќе изгуби гласови меѓу афро-американските верски водачи, Џеј Зи изјави дека овој став не е воопшто важен.
– Не станува збор за гласови. Станува збор за луѓе. Без разлика дали тоа ќе го чини гласови, тоа е она што треба да го направи едно човечко суштество. Што прават луѓето во нивните домови, тоа е нивна работа. Можете да изберете кого ќе сакате. Ова не се разликува од дискриминација кон црнците, заклучи музичарот.
Тој го организира фестивалот “Budweiser Made in America”, кој е најавен за почетокот на септември, а изјави дека ќе го покани и актуелниот американски претседател да учествува.