Медиумите постојано пишуваа за љубовниот живот на актерката Џенифер Анистон и Џастин Терокс, но овој пат гласините наводно доаѓаат од нејзината мајка Ненси.
Мајката на Анистон наводно била толку среќна што ќерката е бремена па неможела да ги задржи радосните вести само за себе.
„Ненси изјавила дека Џен е бремена и дека таа и Џастин ќе се венчаат во Мексико. Ненси била пресреќнаи ги пренела вестите на блиските пријатели“, изјавил анонимен извор за ShowBiz Spy.
Ненси за крај додала дека венчавката нема да биде спектакуларна, бидејќи Џен е едноставна и скромна личност.