Откако нејзиниот развод со Бред Пит беше премногу јавен, Џенифер Анистон стана малку повнимателна и малку од работите го споделува со јавноста кога е во прашање нејзиниот јавен живот.
Но, се чини дека сега не можела да одолее да открие дека до крајот на годината ќе се омажи за нејзиното момче Џастин Теру. Актерката наводно на шега му дала улитиматум на Теру да ја запроси до крајот на годината или во спротивно ќе го “откачи”.
Без оглед на објавите во жолтиот печат за проблемите во нивната врска, Теру и Анистон не се одвојуваат еден од друг.
Работите уште повеќе се загреаа откако двојката прв пат јавно се бакнаа и тоа во Холивуд кога Џенифер доби своја ѕвезда на Булеварот на познатите.