Џенифер Анистон месечно троши 8.000 долари за да изгледа секси!

popara15 март, 20121min00
celeb,celebrity,jennifer,aniston

На холивудската актерка Џенифер Анистон  и завидуваат многу жени, бидејќи таа безброј пати докажа дека годините на неа не оставаат трага.

Но, ако се земе во предвид колку пари месечно троши за да ја одржи кожата затегната, телото тонирано, блескава насмевка и сјајна коса, тогаш и не изненадува фактот што на 43 години изгледа фантастично.

Актерката месечно троши 8.000 долари на лосиони, креми, строг режим на исхрана и вежбање. Само на препарати и нега на кожата, Анистон месечно троши 2.000 долари. Џенифер неодамна признала дека е опседната со ласерски пилинг на кожата по кој изгледа како штотуку да е спасена од пожар.

Но, со помош на кремите кои имаат смирувачки состојки, обновувањето трае само седум дена. Анистон наводно користи крема која се изработува со кристали од Марс и која чини 450 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag