Џенифер Анистон навистина пронајде совршен животен партнер во Џастин Теру – човек кој е подготвен да оди во шопинг со неа.
Да бидеме реални, актерот не изгледа воодушевен додека заедно посетуваат продавници за осветлување во Холивуд.
Но, како и да е тој ги исполнува своите обврски како иден маж.
Џастин ги имаше прекрстено рацете во поголемиот дел од нивното движење и едвај се насмевнувал, иако и Џенифер не изгледа премногу расположено.
За времетраењето на нивната прошетка, таа држела шише вода од брендот SmartWater – за кој случајно таа е заштитно лице.