Секси холивудската актерка Џенифер Лав Хјуит ги воодушеви своите 103.000 фанови откако на нејзиниот Твитер профил објави разголена фотографија. 32-годишната актерка на фотографијата е во друштво со згоден млад дечко кој е до половина соблече, а Џенифер е во поза во која ги истакнува своите убави атрибути. Џенифер не откри кој била целта за ова фотографирање, само објави дека се надева дека ќе им се допадне на сите.
Инаку, Џенифер е позната по своите чести кратки љубовни врски. Последниот маж со кого што излегуваше беше нејзиниот колега Џерод Еинсон, кој во моментот се пробива во Холивуд, а инаку е познат по своите мали улоги во сериите “CSI” и “Medium”. Пред тоа беше во кратка врска со Алекс Бех и тоа после прекинот со Џејми Кенеди.