На неодамнешната Шанел модна ревија во Париз, Џенифер Лопез беше фотографиран со голем дијамантски прстен на левата рака.
Првото, што на светските медиуми им паднало на памет, се разбира, било дека нејзиниот млад дечко Каспер Смарт конечно го поставил судбоносното прашање. Фотографите ја уловиле додека излегувала од автомобилот и ја фатила својата ќерка Ема за рака, а оние кои внимателно го следат секој чекор на познатата пејачка тврдат дека овој моден додаток, сеуште немале прилика да го видат на неа, па сама се наметнала претпоставката дека латино дивата се верила!
Пејачката е целосно залетана во својот поранешен танчер и иако уште во куни се појавија гласини дека двојката се вериле, исто така поради дијамнатот на нејзината рака, таа негираше со зборовите од својот стар хит: “Немојте да ве залажуваат скапоцените камења кои ги носам”. Меѓутоа, медиумите шпекулираат дека нејзиниот дечко овој пат сепак одлучил да ја запроси во најромантичниот град во светот, а таа досега, ништо не демантирала.