Џенифер со Смарт се однесува како тинејџерка!

popara21 февруари, 20121min00
article-2103590-11CEE03C000005DC-823_634x469

Пејачката со 18 години помладиот дечко , танчерот Каспер Смарт (24), навистина се препородила. Во последно време тешко е да најдете фотографија на која не е насмеана. Двојката на Денот на вљубените уживаше во Санта Барбара.

Џенифер Лопез (42) фотографирана е додека со широка насмевка на лицето лежела на Каспер додека тој седел лулашка. Се однесувале како двајца тинејџери кои за прв пат се заљубени. Големата разлика во годините меѓу нив воопшто не се приметувала, бидејќи двајцата се однесувале подеднакво детски.

Откако се изнауживале на лулашката заминале на прошетка покрај океанот. Романтичното излегување го заокружиле со цртеж на песокот на плажата во форма на срце во кое ги напишале своите имиња ‘Џенифер + Каспер’.

Својата љубовна идила ја продолжиле со патувањето во Бразил. Во неделата присуствувале на карневалот во Рио, каде заминале заедно со менаџерот на Џенифер, Бени Медина. Двојката се воодушевиле од парадата, а ЏејЛо била особено добро расположена и постојано ги поздавувала фановите кои ја препознале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag