Еден од многуте скандали на шкотскиот актер резултираше со развод.
Актерот Џерард Батлер (42 години) веќе неколку месеци е во врска со неименувана, но омажена актерка, која сега се разведува од сопругот.
После неколку месеци тајна врска со неименуваната актерка, Батлер можеше да има покрај себе млада актерка во подем “само за себе”, бидејќи нејзиниот сопруг ја откри аферата и поднесе барање за развод, но во меѓувреме се предомисли.
Врската започнала неколку месеци откако актерката рекла “Да”. “Се гледаа во хотели во Лос Анџелес секој пат кога тој доаѓаше во градот”, изјави неименуван извор близок до “парот”. “Интензивен беше односот меѓу нив, за на крајот да резултира со развод. Нејзиниот сопруг откри за изневерувањето и си замина”.
“Таа мислеше дека Џерард засекогаш ќе биде со неа, а потоа се покажа дека тој нема намера да остане со една девојка. Потоа таа почна да го вознемирува и да го малтретира со пораки, по што Батлер ги прекина сите контакти со неа”, изјави изворот.